Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, најде невообичаено оправдување за поразот од Њукасл во првиот полуфинален натпревар во Карабао Купот. „Топчиите“ претрпеа пораз од 0-2 на свој терен, што значително ја усложни нивната задача за реваншот на „Сент Џејмс Парк“.
Шпанскиот тренер го обвини квалитетот на топката за неуспехот. Тој изјави дека топката која била користена на натпреварот била многу поразлична од онаа што се користи во Премиер – лигата.
„Топката беше различна. Леташе поинаку и отскокнуваше на различен начин од онаа што ја користиме во Премиер – лигата. Беше потребно да се прилагодиме и да се навикнеме на неа“, истакна Артета.
Реваншот меѓу Њукасл и Арсенал е закажан за 5 февруари, кога Арсенал ќе се обиде да го анулира поразот и да се бори за место во финалето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













