Македонскиот прволигаш Воска Спорт ќе има нов тренер во пролетниот дел од сезоната. По промената на раководството, од тренерската позиција заминува Сеит Крека, а за нов шеф на стручниот штаб е именуван Турчинот Сафет Ислер.
Тој има 63 години и последен пат бил на кормилото на турскиот клуб Ван Спор. Претходно работел и со младинскиот тим на Бешикташ до 19 години.
Воска Спорт во вториот дел од сезоната ќе има и ново раководство предводено од турски спонзор, а ќе остане да настапува во Охрид, демантирајќи ги информациите за можна преселба во Гостивар.
Воска доведе и три нови засилувања досега оваа зима, Филип Валенчиќ, Туре Сиира и Оива Лааксонен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal