
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, даде анализа на ремито 2-2 против Манчестер Јунајтед во дербито од 20. коло на Премиер – лигата.
„Манчестер Јунајтед имаше шанса пред самиот крај и на некој начин се чувствувам полесно. Во текот на натпреварот создадовме повеќе шанси и имавме подобри можности за победа. Разочаран сум што дозволивме да дојде до таква опасна шанса против нас на крајот“, изјави Арне Слот.
„Дозволивме многу шанси и примивме два гола. Манчестер Јунајтед е тим со големи квалитети и одлични играчи. Ова за нив беше можност да се покажат во добро светло против нас, и тие ја искористија“, посочи менаџерот на Ливерпул.
„Имаше периоди во кои Манчестер Јунајтед беше притиснат на својата половина. Мислам дека игравме добро во првите 75 минути, контролирајќи ја играта и создавајќи многу можности. Не можам да кажам дека бевме изненадени од нешто конкретно“, истакна тој.
„Кога на Салах му е најтешко, тој секогаш успева да покаже колку е квалитетен. Далот му создаваше доста проблеми, но тој успеа да се издигне. Што се однесува до Александер-Арнолд, мислам дека не го одигра својот најдобар натпревар, но тој останува целосно посветен на нашиот тим“, заврши Слот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Интернационалци
Шишковски и Цветаноски во тимот на колото во БиХ (Фото)

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
