Connect with us

Белингам е најдобар за 2024, според ИФФХС

Англискиот репрезентативец Џуд Белингам беше прогласен за најдобар плејмејкер за 2024 година според рангирањето на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

21-годишниот фудбалер на Реал Мадрид собра 133 поени, со што го надмина Кевин Де Бруин од Манчестер Сити. Белгиецот, кој ја освои наградата во 2020, 2021 и 2023 година, доби 96 поени. Третото место го освои Тони Крос со 78 поени. Тој е добитник на наградата за 2014 година и од 2013 година постојано се наоѓа во топ 10.

Четвртото место му припадна на Џамал Мусијала од Бајерн Минхен (54 поени), а петтото го зазеде Лионел Меси (53 поени). Легендарниот Аргентинец има најмногу први места во рангирањето на ИФФХС, кое се одржува од 2006 година – вкупно пет. Чави бил избран четирипати за најдобар, Иниеста двапати, а по еднаш добитници се Зидан, Кака, Крос и Модриќ.

ТОП 10 ЗА 2024 ГОДИНА

Џуд Белингам (Реал Мадрид/Англија) – 133 поени
Кевин Де Бруин (Манчестер Сити/Белгија) – 96 поени
Тони Крос (Реал Мадрид/Германија) – 78 поени
Џамал Мусијала (Баерн Минхен/Германија) – 54 поени
Лионел Меси (Интер Мајами/Аргентина) – 53 поени
Дани Олмо (Лајпциг, Барселона/Шпанија) – 48 поени
Флоријан Вирц (Баер Леверкузен/Германија) – 31 поен
Хамес Родригез (Сао Паоло, Рајо Ваљекано/Колумбија) – 26 поени
Хакан Чалханоглу (Интер/Турција) – 13 поени
Мартин Одегард (Арсенал/Норвешка) – 13 поени

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови