
Жозе Мурињо, сегашниот тренер на Фенербахче, упати остар одговор до својот долгогодишен ривал Пеп Гвардиола, продолжувајќи ја нивната долготрајна вербална битка. Повод за новиот конфликт беше гестот на Гвардиола, кој по поразот од Ливерпул (0-2) им покажа шест прста на навивачите, потсетувајќи ги на своите шест титули во Премиер – лигата со Манчестер Сити.
Според Гвардиола, тоа било обид да се крене моралот на навивачите на неговиот тим.
Мурињо, кој во минатото правел слични гестови покажувајќи три прста за да ги обележи своите успеси, не остана имун на изјавите на Гвардиола. Португалецот го искористи моментот за да се осврне на обвинувањата против Манчестер Сити за прекршување на финансиските правила.
„Гвардиола рече нешто за мене вчера. Тој освои шест титули, јас освоив три, но ги освоив чесно и достоинствено. Кога јас губам, му честитам противникот затоа што бил подобар. Не сакам да освојувам титули, па потоа да се занимавам со 115 судски случаи“, изјави Мурињо, јасно потсетувајќи на контроверзиите околу 115-те обвинувања за Манчестер Сити.
Изјавите на Мурињо се однесуваат на тековната истрага против Манчестер Сити за наводни финансиски нерегуларности, што ја продолжува напнатоста меѓу двајцата менаџери. Оваа ривалство, кое започна уште во нивните денови како тренери на Реал Мадрид и Барселона, продолжува да го привлекува вниманието на фудбалската јавност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
