Познатиот италијански фудбалер Марко Верати би можел, по нешто повеќе од една година, да се врати во Европа, а според пишувањата на шпанскиот весник „Марка“, актуелниот шампион на Серија А, Интер, се смета за сериозен кандидат за неговиот потпис.
Репрезентативниот европски шампион од 2021 година минатиот септември го напушти континентот и се пресели во Катар, но според бројни најави, можно е да се врати во Италија.
Верати повеќе од еден месец нема поминато ниту една минута на теренот, бидејќи е во втор план кај тренерот на Ал-Араби. Затоа, сосема е извесно дека ќе ја напушти земјата која беше домаќин на последниот мундијал.
Според пишувањата на „Марка“, оваа олеснителна околност ќе биде засенета од високата плата од дури 30 милиони евра нето на годишно ниво, сума која тешко дека ќе може да ја обезбеди во Европа, особено бидејќи веќе година и пол е надвор од сериозен натпреварувачки фудбал.
Договорот на Верати истекува на 30 јуни, и извесно е дека би се согласил на нешто пониска плата во Европа отколку што има во Катар, бидејќи неговата цел е да се подготви што подобро за Светското првенство за две години.
Иако важи за еден од најдобрите играчи за врска во Италија, Верати никогаш не играл во Серија А, бидејќи во 2012 година премина од второлигашот Пескара во редовите на Пари Сен Жермен.
Со преселбата на Блискиот Исток, Верати го загуби и статусот репрезентативец на Италија, бидејќи во тековната календарска година нема одиграно ниту една минута за селекцијата која беше предводена од него во освојувањето на Европа пред три години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













