Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, од Италија пристигна во Македонија и веднаш се најде со Масар Омерагиќ, на кого јавно му ја дава поддршката за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Пандев подолг период јавно бараше од Муамед Сејдини да се повлече, а тој го стори тоа веднаш по триумфот на Македонија против Фарски Острови (1-0) на крајот од ова издание на Лигата на нации.
Изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија е закажано за 22. декември, а според сите најава, единствен кандидат за претседател ќе биде Масар Омерагиќ.
„Минато, сегашност, иднина“, напиша Пандев на фотографијата со Масар Омерагиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













