Тренерот на Барселона, Ханси Флик, отворено го изрази своето незадоволство од настапот на тимот во ремито 2-2 против Селта. Барселона имаше солидна предност од два гола, но дозволи противникот да израмни за само пет минути.
Флик, сепак, истакна дека проблемите не се ограничуваат само на тој критичен период, туку на целиот натпревар.
„Одигравме исклучително слаб натпревар. Проблемот не се само последните 10 минути. Нашиот перформанс беше лош низ целиот натпревар. Направивме многу грешки и не успеавме да воспоставиме контрола над играта. Брзо мора да се вратиме на нашето вистинско ниво. Немавме самодоверба со топката и му ја олеснивме задачата на противникот“, изјави Флик.
По завршувањето на натпреварот, Флик веднаш отишол во соблекувалната каде остро ги критикувал своите фудбалери, потенцирајќи ја потребата за подобрување и посериозен пристап.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













