Connect with us

Баерн го менува теренот за пет дена за 200.000 евра, а кај нас траеше речиси една година и беше поскапо?!

Баерн Минхен привлече големо внимание кога објави дека теренот на „Алијанц Арена“ целосно ќе се замени за само неколку дена пред натпреварот против Аугсбург во Бундес-лигата. Оваа одлука беше резултат на оштетувањата предизвикани од неодамнешниот НФЛ натпревар помеѓу Каролина Пантерс и Њујорк Џајантс, кој се одржа на истиот стадион.


За разлика од минатото, кога замена на теренот беше долг процес, сега благодарение на современата технологија, поставувањето нов терен се одвива многу брзо, а теренот треба да биде готов до петок, ден пред натпреварот.

Интересно е што трошоците за оваа брза замена на теренот се проценуваат на околу 200.000 евра, што покажува како клубот се стреми да го одржи својот терен во врвна форма.
Баерн Минхен не само што демонстрира иновации во спортската инфраструктура, туку и дава насока како тоа може да се направи и се прави во Европа.

Ова е одлична споредба, добро да размислиме, а можеби и да истражуваме, како тоа се прави кај нас. Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, ја истакна лошата состојба на тревникот на стадионот „Тодор Проески“, иако тој беше променет неодамна, а процесот траеше речиси цела година.

Милевски апелираше надлежните треба да преземат мерки за подобрување на условите за игра на Националната арена „Тодор Проески“, затоа што тоа кога репрезентацијата гостува низ Европа е сосема поинаку и многу поквалитетно направено.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови