Турскиот сопственик Олгун Ајдин го повлече сидрото и си замина од Шкупи. Тој вчера организирал проштална вечера со вработените во клубот и се повлекува од клубот од Чаир.
Откако загуби од Вардар, Олгун Ајдин излезе со порака дека во Македонија сѐ се одвива со политичка поддршка и одлучи да замине, иако само неколку месеци претходно најавуваше бајки на прес-конференција во хотелот „Хилтон“, дека за Шкупи ќе изгради комплетна база за тренинг, а чека дозвола од македонската влада.
Олгун Ајдин го презеде клубот ФК Шкупи како спонзор во 2018 година, а веќе во првата сезона обезбеди излез во Европа. Во 2022 година Шкупи беше шампион на Македонија, но оттогаш не му оди најдобро и сега реши да се повлече.
После еден ваков потег, во иднина дефинитивно треба многу посериозно да се разгледуваат потенцијалните инвеститори и спонзори во македонскиот фудбал, посебно оние кои доаѓаат од странство. Повлекување среде сезона е во најмала рака скандалозен потег.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski