Летово беше на трансфер листата во Барселона, не доби повик за репрезентацијата, а сега е еден од најдобрите играчи во тимот на Ханси Флик и му беше укажана најголемата можна чест од селекторот на Бразил.
Офанзивецот на Барселона, Рафиња, го наследи славниот дрес со број „10“, кој во Бразил има најголема чест, уште од времето на легендарниот Пеле.
Рафиња доби капитенска лента во Барселона и врати со 12 гола и 10 асистенции од почетокот на сезоната, па доби и големо признание во Бразил.
Од Бразил пристигнува потврда дека тој е новата „десетка“ и новиот лидер на репрезентацијата, која минува низ најтешкиот период во модерната историја.
Бразил има дури четири порази во квалификациите за Светското првенство, го зазема четвртото место на табелата, а селекторот Доривал е под постојан притисок од јавноста.
Бразил оваа пауза ќе одигра два тешки натпревари, ќе гостува на Венецуела, а потоа ќе го пречека Уругвај, при што Рафиња ќе биде стартер и главен играч во нападот заедно со Винисиус Жуниор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Барди донесе триумф за Коњаспор (ВИДЕО)













