
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во пресрет на последните два натпревари од актуелниот циклус во Лигата на нации, против Летонија и против Фарски Острови.

Селекторот Благоја Милевски ги пречека најголем дел од фудбалерите во стандардниот пладневен термин, а нови имиња се младите Алчевски и Фета. Тука по подолго време е и Сефер Емини, кој сѐ уште нема официјален настап за македонскиот национален тим.

Македонија во ноември ќе одигра два натпревари, против Летонија в четврток од 20.45 часот, и три дена подоцна против Фарски Острови од 15 часот. Амбициите се јасни, две победи и шест бода со кои Македонија ќе го потврди првото место на табелата, но и со евентуелни 16 бода ќе конкурира за дополнителен бараж за големо натпреварување.

Попладне на комплексот на ФФМ репрезентацијата ќе го одработи и првиот тренинг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
