
Португалскиот стратег Рубен Аморим првично побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да ја одработи сезоната во Спортинг Лисабон, а потоа да пристигне на „Олд Трафорд“. Но, тоа не било прифатливо за „црвените ѓаволи“ кои претходно се разделија со Ерик тен Хаг.
Кога пристигнала понудата од Манчестер Јунајтед, тој не можел да ја одбие, а откако дал зелено светло на челниците на англискиот клуб, тие ја активирале откупната клаузула од десет милиони евра што на крајот му е исплатена на Спортинг Лисабон.
Аморим се збогува од лисабонскиот клуб синоќа со убедлива победа против Естрела (5-1), а на крајот бил испратен со аплаузи и овации од навивачите на Спортинг на неговиот последен натпревар на клупата на овој тим.
По натпреварот, 39-годишен стратег застанал пред камерите и откри дека имал само еден услов за челниците на Манчестер Јунајтед во преговорите, но истиот не можел да биде исполнет.
„Единствениот услов што го имав за Манчестер Јунајтед беше да го почекаат крајот на сезоната за моето доаѓање, но тие ми рекоа дека тоа не е можно и дека ситуацијата е ‘сега или никогаш’. На крајот, понудата едноставно не можев да ја одбијам“, рече Аморим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
