
Тиквеш и Брегалница ќе ја водат главната битка за пласман во Првата лига низ новата сезона од Втората лига – Исток која стартува денеска од 17 часот.
Кавадарчани со сериозни промени во составот го очекуваат стартот на првенството јасно најавувајќи ја желбата за атак на првото место. Нови имиња во составот на Тиквеш се Благоја Љамчевски и Ристе Рамзовски од Пелистер, Стојан Димовски од Македонија ЃП, офанзиевецот Симеон Христов кој пристигна од Влазнија, Албанија, но и Благој Стојанов од Беласица, Далибор Костовски од ФК Септември, Бугарија, Ристе Темелков од Академија Пандев, како и Бобан Здравевски од Осогово.
Брегалница, пак, се засили со досегашните фудбалери на Кит Го, Анџело Николовски, Бојан Ѓорѓиевски и Давид Денковски, како и Кристијан Китановски од Вардар, Илче Петровски од Лабуништа, Андреј Кудијан од Плачковица, Антонио Митрев од Скопје и Сашо Шопоски од Пелистер.
„Реализиравме успешни подготовки и покрај целокупната ситуација со која е зафатен и фудбалот поради пандемијата на коронавирусот. Сега конечно не чека фудбал. По долгата пауза подготвени сме за надигрување, за нас секој натпревар е повеќе од важен и секако со победа сакаме да ја почнеме новата сезона на гостувањето против Саса во Македонска Каменица. Не треба да потсетувам дека минатата година Саса ни одзеде четири бода кои многу не чинеа околу пласманот на табелата, тие беа одлучувачки да не играме во Првата лига“ – вели капитенот на Брегалница, Ристе Наумов, пред денешниот натпревар со Саса.
Тиквеш, пак, гостува на Плачковица која ова лето се засили со Марјан Ташков и Иван Колев од Кит-Го, како и Јовица Радевски кој пристигна од редовите на Кадино.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (1. КОЛО, денеска, 17 ч.)
Победа – Кит Го
Каменица Саса – Брегалница
Росоман – Слога Виница
Плачковица – Тиквеш
Кожуф – Осогово

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо со новите два гола го надмина Лео Меси

Евро-фудбал
Арсенал еден месец ќе биде без Салиба

Евро-фудбал
Нагелсман: Не стравувам дека ќе добијам отказ

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски
