Connect with us

ПСЖ му нуди тригодишен договор на Салах и многу поголема плата од сегашната во Ливерпул

Мохамед Салах постигна 217 голови во дресот на Ливерпул, но сè поизвесно е дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Енфилд“.

Салах, кој неодамна погоди за „црвените“ во победата над Болоња во Лигата на шампионите, со својата последна изјава навести заминување од Ливерпул на крајот од сезоната.

На лето му истекува договорот со англискиот клуб, а раководството на Ливерпул сè уште не му понудило нов договор, или барем не таков каков што тој посакува. Изгледа дека и тие немаат намера да ги задоволат огромните барања на Египќанецот.

Познато е дека клубови од Саудиска Арабија се борат за потписот на Салах и му нудат огромни пари, но и францускиот ПСЖ е подготвен да го ангажира Салах и да му понуди договор на три години, што навистина не е вообичаено за фудбалери постари од 30 години. Освен тоа, парижаните му нудат многу повеќе пари од она што го заработува во Англија.

Салах одигра 358 натпревари за Ливерпул и ги освои сите можни трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2019 година. И оваа сезона игра одлично, но заминувањето од клубот во кој стана вистинска легенда е сè поблиску.

Дури и ако раководството на Ливерпул сака да го продолжи договорот на Салах, тие размислуваат и за „црното сценарио“. Подготвени се за план Б, а наводно во случај на негово заминување, ќе се обидат да ги доведат Карим Адејеми од Борусија Дортмунд и Михаило Мудрик, 23-годишниот Украинец од Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови