Новиот шеф на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски веднаш по официјализирањето на соработката со „сините“ отворено го искажа задоволството од фактот што во иднина ќе го води штипскиот клуб.
„За мене е голема чест именувањето за шеф на стручниот штаб на клуб како Брегалница. Сакам да му се заблагодарам на сопственикот на Брегалница и раководните структури за искажаната доверба. Горд сум што ќе бидам дел од еден од најамбициозните проекти во македонскиот фудбал во кој е вложена огромна позитивна енергија, љубов кон фудбалот и финансиски средства. Секако тоа е и голема одговорност за мене, за стручниот штаб, за фудбалерите, и ветувам наш максимален ангажман и професионалност“ – истакна Секуловски.
Договорот меѓу Брегалница и Секуловски е до 2022 година. Период во кој очекувањата и посакувањата се „сините“ да се вратат во прволигашкото друштво во Македонија.
„Искрено верувам дека со максимален ангажман и посветеност на сите структури во клубот, сите заедно ќе дојдеме до зацртаната цел за оваа сезона. Наша заедничка цел е за 100-годишнината од формирањето на клубот, ФК Брегалница и Штип да се вратат на позициите кои им припаѓаат во македонскиот фудбал и на армијата верни навивачи на клубот да им овозможиме да гледаат прволигашки фудбал“ – вели Марјан Секуловски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski