Најрофејниот македонски клуб Вардар оствари убедлив триумф (0-4) против третолигашот Еуромилк Горно Лисиче на денешниот пријателски натпревар. Тоа беше прва можност за новиот шеф на стручниот штаб Срѓан Захариевски да ги види на дело можностите на сите фудбалери. Ги подели во два тима кои добија по 45 минути да покажат што знаат.
Азер Омерагиќ го постигна првиот гол во втората минута, а само две минути подоцна Горзан Закариќ зголеми на 0-2. Во 25.минута, Кристијан Николовски го постигна третиот гол за „црвено-црните“, а до крајот на првиот дел Закариќ уште еднаш се запиша меѓу стрелците.
Тиквеш исто така со 0-4 ја совлада Победа. Витор беше двоен стрелец за кавадаречкиот прволигаш, а погодија и Леонардо и Маневски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













