
Сан Марино го победи Лихтенштајн со 1-0 во првото коло од Лигата Д на Лигата на нации. Првата и историска победа во ова натпреварување за Сан Марино ја донесе 19-годишниот Нико Сенсоли во 53. минута.
Ова беше прва победа на Сан Марино по 20 години, четири месеци и осум дена, односно по дури 142 натпревари.
Пред овој натпревар Сан Марино последен пат победи на 24 април 2004 година кога исто така го победи Лихтенштајн, но тоа беше пријателски натпревар.
🤩🍾 San Marino players went crazy after securing their first-ever competitive victory after 34 years of trying. Incredible. 🇸🇲 pic.twitter.com/Cz7Uz5KeBB
— EuroFoot (@eurofootcom) September 6, 2024
Голот на Сан Марино беше доста среќен бидејќи топката несмасно ја промаши стоперот Сандро Визер кој наивно ја испрати топката кон сопствениот гол. Таму најдобро се снајде младиот Сенсоли, кој ја искористи ситуацијата и погоди за голема радост на најслабата репрезентација во светот.
По победата на социјалните мрежи кружи видео од соблекувалната на Сан Марино. Секако, фудбалерите беа воодушевени. Фудбалерите на таа репрезентација играат во клубови од нивната мала земја и во италијанските пониски лиги, најчесто аматерски тимови.
Во оваа група од Лигата на нации е и репрезентацијата на Гибралтар. Сан Марино е последната, 210-та репрезентација на ранг-листата на ФИФА, додека Лихтенштајн моментално го држи 199-то место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
