
Брегалница ја зголеми предноста во однос на Тиквеш на големи седум бода, откако успеа да ја совлада Слога Виница со 1-3 во последното есенско коло од Втората лига Исток. Истовремено, Тиквеш „киксна“ на гости против Победа и ремизираше без голови. Ова му носи голема залиха на тимот на Марјан Секуловски за зимскиот одмор, а во пресрет на вториот дел од сезоната.
Мартин Стојанов во 11.минута ги доведе штипјани во водство, а Анес Османоски во 40.минута зголеми на 0-2. Слога Виница се понадева на реми со голот на Бојан Спасевски во 75.минута, но само четири минути подоцна Османоски со вториот гол ги расчисти дилемите.
Тиквеш имаше инцијатива против Победа, но овојпат затаија стрелците.
Кит Го беше убедлив на домашен терен против Плачковица и славеше со 5-1. Бошко Ступиќ го отвори резултатот, но Плачковица израмни преку Мартин Ристов. Сепак, Дарко Алексовски од пенал донесе предност за Кит Го на полувремето. Во вториот дел, уште три гола за домашниот состав, стрелаа Тони Мичковски, Зоран Андонов и Оливер Христов.
Каменица Саса го совлада Кожуф со 3-1, a Осогово беше надмоќен против Росоман (1-7).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
