
Брегалница ќе презими на врвот на табелата во Втората лига Исток со предност од седум бода пред најблискиот конкурент Тиквеш. Анес Османоски беше двоен стрелец за штипскиот тим на последниот есенски дуел против Слога Виница (1-3), а играчот за врска порачува дека единствената цел е – пласман во елитата!
„Со победата против Слога на најдобар можен начин го завршивме есенскиот дел од сезоната. Мислам дека сите може да бидеме задоволни од полусезоната, со седум бода предност на врвот. Сето тоа кажува дека бевме максимално сериозни низ сите натпревари од првата етапа затоа што нашите амбиции се секако влез во Првата лига. Сега сме на половина пат, но верувам на ист начин и уште помотивирано ќе ја одиграме и втората полусезона затоа што нашата цел, како подарок за сите навивачи, е прволигашката промоција“ – вели Анес Османоски.
Фудбалерите на Брегалница до среда продолжуваат со тренинзи во Штип. Потоа следи заслужениот одмор до 9. јануари за кога шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски ја планира првата прозивка на стартот од подготовките за пролетниот дел од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
