
Брегалница ќе презими на врвот на Истокот, па тренерот Марјан Секуловски очекувано е задоволен од начинот на кој штипските „сини“ ја завршија есенската полуетапа од првенството.
Со гостинската победа против Слога во Виница, Брегалница дојде до седум бода предност во однос на второпласираниот Тиквеш.
„Полусезоната ја завршивме на првото место со седум бодови предност пред второпласираната екипа на Тиквеш, што е навистина резултат за почит. Но, сето тоа апсолутно не треба да значи опуштање туку мотив повеќе за уште поквалитетни изданија на тимот во пролетниот дел“ – вели Секуловски, кој се осврнува и на победата во Виница.
„Одигравме квалитетен натпревар, против многу мотивиран, квалитетен и агресивен противник. И во првото и во второто полувреме имавме многу шанси по кои многу порано требаше да го одлучиме победникот, но најважни се секако трите освоени бода“.
Фудбалерите на Брегалница, и по крајот на есенскиот дел, до среда продолжуваат со тренинзите во Штип. Потоа следи заслужениот одмор до 9. јануари за кога шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски ја планира првата прозивка на стартот од подготовките за пролетниот дел од сезоната кој почнува на 27. февруари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
