
Брегалница оствари триумф (2-1) на пријателскиот натпревар против Осогово. Андреј Кудијан беше стрелец на двата гола на „сините“, а Недановски погоди за Осогово.
Пелистер успеа со 2-0 да го совлада Охрид. Стрелец на двата гола за битолскиот прволигаш беше младиот Мартин Андоновски. Тој во финишот ја разби одбраната на охриѓани во 88. и во 90.минута.
Скопје го победи третолигашот Њу Старс со 2-0. Мустафа Јусуф и Иво Јанакиевски беа стрелци на погодоците за составот на Љупчо Марковски.
Тиквеш славеше против Плачковица со 4-2. Симеон Христов беше двоен стрелец, а за кавадаречкиот тим погодија и Благоја Љамчевски и Ѓорѓи Мојсов.
Тетекс доживеа пораз (1-3) од српскиот тим Јагодина. Единствениот гол за „текстилците“ беше дело на Ринор Ајдини.
Силекс убедливо е поразен (1-5) на подготовките во Анталија од Нижни Новгород. Кратовци од 52.минута играа со фудбалер помалку на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
