Connect with us

Беќири: Шкендија мора да одигра храбро и офанзивно

Македонскиот претставник Шкендија утревечер (20 часот) го игра реваншот против ерменскиот тим Ноа во првото квалификациско коло од Конференциската лига. Негативата од два гола од првиот меч (2-0) ќе треба да се надомести, тренерот Јетон Беќири верува во тоа.

“Работевме на психолошки план да ги вратиме фудбалерите по поразот и ќе сториме се за да ја надоместиме негативата. Веруваме дека имаме квалитет за да излеземе како победници. Многу боли поразот од 2-0, но направивме две исклучително големи грешки и бевме казнети. Не одигравме добро, посебно во нападот. Сега ќе мора да бидеме многу поконкретни и ќе веруваме до самиот крај дека можеме да го елиминираме ривалот. Мора да одиграме храбро и офанзивно”, изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.

Дефанзивецот Клисман Цаке вели дека тимот е подготвен за искушението.

“Атмосферата е одлична и покрај поразот на првиот меч. Се надеваме дека нема да ги повториме грешките, дека ќе покажеме подобра игра и дека ќе ја анулираме негативата. Поразот од 2-0 во Ереван не го заслуживме со играта, но сега е тоа зад нас и ќе треба да не мотивира дополнително за да оствариме триумф”, истакна Цаке.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови