
Tиквеш го освои првиот пехар во клупската историја и јасно е дека тренерот Ѓорѓи Мојсов нема зборови да искаже колку е среќен и колку е благодарен на своите фудбалери.
„Искрено, не сум изненаден колку добро одигра мојот тим. Знам колку се квалитетни и колку можат. Среќен сум успеавме да го освоиме овој толку посакуван пехар и што испишавме историја за цело Кавадарци. Знаевме дека ќе биде тешко и дека Тиквеш мора да ја игра својата игра. Цела сезона играме напаѓачки и едноставно ако не игравме така, тоа немаше да биде Тиквеш. Знаевме дека ако ја оставиме Воска да игра свој фудбалер, дека ќе имаме проблеми. Затоа, притиснавме, сакавме да постигнеме гол и за среќа тоа го направивме први. На крајот примивме еден гол кој не раздрма, но издржавме и сега сосема заслужено го славиме овој пехар. Ќе играме и во Европа, оваа сезона бевме четврти, следната сезона сакаме уште повеќе. Градоначалникот вети и поголем буџет ако го освоиме Купот“, изјави Ѓорѓи Мојсов.
Тиквеш ќе игра во квалификациите за Конференциската лига, за првпат во историјата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
