
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, фрли око на ѕвездата на Лацио, Фелипе Андерсон, и ќе го донесе одличниот фудбалер бесплатно.
Играчот за врска на Лацио има договор со „небесносините“ до лето и сѐ уште не го продолжил. Лацио му нуди 3 милиони евра годишна плата, додека Бразилецот бара милион повеќе. Јувентус е подготвен да ги исполни тие услови, па преселбата на северот на Италија е многу сигурна.
Андерсон кариерата ја започна во Сантош од каде во 2013 година дојде во Лацио за 7,5 милиони евра. Подоцна играше за Вест Хем и за Порто, пред да се врати во Рим во 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
