
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, планира да направи некои промени во составот за полуфиналето на ЕВРО 2024 против Шпанија. Многу веројатно, Антоан Гризман ќе биде седнат на резервната клупа, откако беше заменет во текот на натпреварот против Португалија во четвртфиналето, кое Французите го добија по изведување пенали.
Според „Л’Екип”, Дешамп одлучил да го остави Гризман надвор од составот како дел од планот да ги направи „петлите” постабилни во одбраната, со оглед на добрата игра на Шпанија во нападот.
Во овој момент, сè уште не е јасно кој може да го замени Гризман во стартните 11, но тоа ќе биде некој кој игра подобро во дефанзива.
Досега ѕвездата на Атлетико Мадрид учествуваше во сите пет натпревари на “петлите” на турнирот, играјќи полни 90 минути против Австрија и Холандија, 30 минути против Полска, а потоа беше на теренот 90 минути против Белгија и 67 минути против Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Донарума прави трансфер во Манчестер Сити?

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?

Евро-фудбал
Интер веќе го знае наследникот на Симоне Инзаги?
