
Жозе Мурињо е тренер на Фенербахче веќе десет месеци, но изгледа дека дојде време за разделба со клубот. Како што беше и очекувано, Мурињо не е мирен во Турција, а оваа сезона често ги критикува судиите за сè што смета дека не е во ред.
Во досегашната тренерска кариера, Мурињо има многу успеси, но како што изгледа, тоа нема да му се повтори и во Фенербахче. На тимот не му оди најдобро во последно време, неодамна испадна од турскиот Куп, и тоа со пораз дома од најголемиот ривал Галатасарај.
Има уште надеж да го освојат домашното првенство, но имаат три бода заостанување зад Галатасарај, а до крајот на сезоната остануваат уште осум натпревари.
Според пишувањата на бразилскиот „О’Глобо“, Мурињо е на врвот на листата од четирите кандидати за нов селектор на Бразил.
Заедно со него се и Карло Анчелоти, Жорге Жезус и Абел Фереира, па еден од нив ќе стане новиот селектор на оваа репрезентација.
Доривал Жуниор неодамна доби отказ на местото селектор на Бразил по поразот од Аргентина со 4-1.
Челниците на Фудбалската конфедерација на Бразил во Мурињо го гледаат лидерот кој им е потребен за да обезбедат директен пласман на Светското првенство, но и таму да атакуваат на светската титула.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
