 
																												
														
														
													Напаѓачот на Челси, Жоао Педро, го коментираше конфликтот со Луис Енрике по финалето на Светското клупско првенство, кое го освоија лондончани со убедливи 3-0. Бразилецот беше стрелец на третиот гол на натпреварот.
По последниот свиреж на стадионот „МетЛајф“, дојде до масовна пресметка меѓу фудбалерите, тренерите и членовите на двата тима. Во текот на инцидентот, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го турна Жоао Педро – прво го удри во вратот, а потоа и во лицето, по што бразилскиот фудбалер падна на земја.
„Го заштитив Андреј Сантос затоа што видов дека играчите на ПСЖ го имаа опколено. Како вистински Бразилец, го бранев мојот соиграч. Одеднаш се собраа многу луѓе и во метежот некој ме турна. Тоа е дел од играта“, изјави Жоао Педро.
„Мислам дека тие не знаат како да прифатат пораз, но поразите се дел од фудбалот. А сега е време за наше славје“, додаде Бразилецот.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														