Connect with us

Жоао Кансело на принудна пауза од две недели

Барселона објави официјална информација за состојбата на Жоао Кансело. Португалецот синоќа се повреди и беше принуден да биде заменет во првите минути од натпреварот против Лас Палмас.
„Жоао Кансело ги истегна медијалните колатерални лигаменти на левото колено. Тој ќе биде надвор од теренот, а напредокот на здравствената состојба ќе ја одреди неговата достапност“, напишаа од каталонскиот клуб.


Португалецот сигурно ќе го пропушти дуелот од Копа дел Реј овој викенд против нисколигашот Барбастро, а исто така веројатно ќе го пропушти и дуелот од Суперкупот на Шпанија со Осасуна на 11 јануари.


Кансело е позајмен во Барселона од Манчестер Сити и стана клучен играч на каталонскиот тим, откако во досегашниот дел од сезоната забележа 22 настапи и постигна три гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови