Connect with us

Жестока казна за Митровиќ, суспендиран е на дури осум натпревари

Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, доби жестока казна од ФА на Англија откако физички го нападна судијата на натпреварот од ФА Купот против Манчестер Јунајтед. Тој доби суспензија од осум натпревари.


До крајот на сезоната во Премиер – лигата, Фулам треба да одигра уште десет натпревари.


Ова е една од најстрогите казни во фудбалот, а многумина ја споредуваат со казната што ја доби Суарез кога расно го навредуваше Патрис Евра, или кога Џон Тери му го направи истото на Рио Фердинанд.


Казнет е и менаџерот на Фулам, Марко Силва, кој ќе мора да пропушти два меча.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови