Манчестер Јунајтед во продолжението од сезоната ќе остане со малку осиромашен кадар во средниот ред. Сонародникот на менаџерот Ерик Тен Хаг, Дони ван де Бек (25) го повреди коленото во победата против Борнмут на почетокот на месецот и нема да се врати на терените оваа сезона.
Кариерата на Ван де Бек во Јунајтед досега беше обележана со лоша среќа и неуспех. Пред две години Јунајтед го донесе од Ајакс за 40 милиони евра.
По разочарувачката мината сезона, во која Манчестер Јунајтед заврши на шестото место во Премиер – лигата, „црвените ѓаволи“ во моментов се кандидати за пласман во Лигата на шампионите под водство на Ерик тен Хаг.
Јунајтед е на четвртото место, но има натпревар помалку од третопласираниот Њукасл, со кого е израмнет по бодови, а само четири бода зад второпласираниот градски ривал Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија













