Роберт Левандовски на првиот меч по добивањето на наградата „The Best“ за најдобар светски фудбалер докажа зошто му е доделена. Му донесе триумф (1-2) на Баерн Минхен на дербито против Баер Леверкузен.
Патрик Шик постигна еврогол во 16.минута и донесе предност за Баер Леверкузен. Но, Левандовски не дозволи Баерн да замине со негатива на полувремето и постигна гол во 45.минута. Речиси на идентичен начин, полскиот интернационалец во судиското продолжение од мечот постигна и победнички погодок за баварскиот клуб.
По овој триумф, Баерн Минхен се искачи на врвот на табелата во Бундес-лигата со 30 бода, два повеќе од Баер Леверкузен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













