
Струга Трим Лум се врати на европскиот пат со триумфот над Македонија ЃП (2-3) на гости во Ѓорче Петров. И покрај хендикепот да играат со играч помалку, фудбалерите на Струга ТЛ покажаа максимална борбеност и неверојатна желба да ја остварат целта.
Шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски е задоволен од изданието на тимот, но и веќе е фокусиран на следниот ривал. Утре во Струга гостува Шкупи.
„Беше интересен и возбудлив натпревар со многу пресврти во Ѓорче Петров. На крајот се покажа како среќен за нас. Сепак, мислам дека бевме поквалитетен тим и заслужено ги освоивме бодовите. Сега веќе се фокусираме на следниот предизвик“, изјави Срѓан Захариевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
