
Лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Струга ТЛ конечно успеа да дојде до пролетна победа славејќи со 0-2 на гостувањето против Генч Калемлер.
Творец на победата за стружани беше Флорент Османи со двата гола во 20. и во 85. минута од средбата.
Прв пораз, пак, пролетва има за Тетекс кој загуби на гостувањето против Скопје со 3-1. Личина, Усеинов и Милан Ристовски беа стрелци на головите за Скопје, а Филип Петковски во 52. минута беше стрелец на единствениот гол за Тетекс.
Во дерби пресметката на колото Гостивар победи со 0-1 на гостувањето против Лабуништа со голот на Илбер Алили во 75. минута.
Пелистер ремизираше без голови на гостувањето против Кораби во Дебар.
РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
Велазерими – Гоблен 1-0
Генч Калемлер – Струга ТЛ 0-2
Скопје – Тетекс 3-1
Кораби – Пелистер 0-0
Лабуништа – Гостивар 0-0
Standings provided by Sofascore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal