Connect with us

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Пелистер подобар и од Лабуништа, Тетекс реди победи

Пелистер продолжува со одличните игри во пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад. Пред битолчани кои славеа со 1-0 во 17. коло од шампионатот падна и Лабуништа.

Пелистер до победата дојде со голот од пенал на Благоја Љамчевски во 59. минута од натпреварот. По оваа победа Пелистер веќе е на само три бода од Лабуништа до втората позиција на табелата, а само шест бода од водечката Струга Трим Лум кој денеска ремизираше без голови со Скопје.

Гостивар триумфираше против Велазерими со 3-1. Гостите поведоа преку Имери во 17. минута, но Мифтари израмни за Гостивар во 23. минута. Во второто полувреме Башким Љама во 76. минута и Џемаил Есати заокружија на 3-1.

Тетекс имаше предност против Кораби од 1-0 со голот на Филип Петковски уште во 7. минута. Но, Мусли Лика со голот во 71. минута израмни на 1-1. За да триумфот на „штофарите“ го донесе Меритон Салии со гол од пенал во 90. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 17. КОЛО
Гостивар – Велазерими 3-1
Пелистер – Лабуништа 1-0
Тетекс – Кораби 1-1
Струга ТЛ – Скопје 0-0
УТРЕ: Гоблен јуниор – Генч Калемлер

Standings provided by Sofascore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови