Connect with us

Втора лига: Новаци ја победи Шкендија Арачиново, Брегалница промаши два пенали и загуби од Осогово

Новаци приреди вистинско изненадување пред домашна публика и го совлада лидерот Шкендија Арачиново со 1-0. Херој на мечот беше младиот Мартин Андоновски кој постигна прекрасен гол од далечина за триумф на Новаци.

Изненадување имаше и во Штип, каде Осогово славеше со 0-1 против фаворитот Брегалница. Решавачкиот гол го постигна Голубов пред крајот на првото полувреме.

Херој на Осогово беше голманот Јовановски, кој одбрани два пенали. Прво го сктори ударот на Алексовски, а во судиското надополнување го одбрани и обидот на Хусеин Демири, осигурувајќи голема победа за кочанчани.

ФК Скопје, на домашен терен со 4-0 славеше над Големо Коњари. Преспа го доживеа својот единаесетти сезонски пораз, не успевајќи да ѝ парира на Слога Виница, која се врати дома со три бода по победата од 1-2.

Со триумф на гости се закити и Беласица. По изненадувачкиот домашен пораз од Новаци во минатото коло, струмичани експресно се вратија во победнички ритам и на гостувањето во Македонска Каменица славеа со 1-2.

Охрид го победи Детонит со 1-0. Иван Глигоров беше стрелец на победничкиот гол за охриѓани, а голманот Дамјан Серафимов во завршните моменти одбрани пенал.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови