Бурно е во Реал Мадрид по ремито со Елче, а изгледа дека ќе биде „жешко“ за тимот на Чаби Алонсо и во Атина.
Експедицијата на Реал Мадрид денес отпатува на гостување кај Олимпијакос во Лигата на шампионите, а тренерот остана без неколку играчи.
Во Мадрид останаа, покрај претходно повредените, уште и Тибо Куртоа и Дин Хаусен. Белгиецот има стомачни проблеми и ќе одмори наместо да патува за Атина, додека младиот Шпанец почувствувал лесна болка во мускул во финишот на последниот меч, па медицинскиот тим не сакаше да ризикува.
Се очекува двајцата да бидат подготвени за гостувањето кај Џирона за викендот.
Бидејќи веќе се повредени, Дани Карвахал, Антонио Ридигер и Едер Милитао, ова претставува голем проблем во одбраната за Чаби Алонсо. Деби ќе има голманот Андриј Лунин, а Алваро Карерас ќе мора да заигра како стопер покрај Раул Асенсио.
Натпреварот Олимпијакос – Реал Мадрид е на програмата в среда од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Гаљардо е нов селектор на Еквадор
Евро-фудбал
Стефано Пиоли ќе биде нов тренер на Трабзонспор?
Евро-фудбал
„Кралевите“ ја наполнија мрежата на Рајо (ВИДЕО)













