Пелистер ја прекина „црната серија“ и конечно прокнижи три бода во дуелот со АП Брера пред репрезентативната пауза. Оваа победа го врати тимот во борбата за опстанок, а битолскиот клуб сега ќе излезе на мегдан со Шкупи, кој е последен на табелата од ПМФЛ.
Ова ќе биде натпревар „да се биде или не“ за Пелистер, во кој императив се трите бода.
„Апсолутно, ова е натпревар што мора да се добие. Шкупи реално веќе нема што да изгуби, но нивното бодовно салдо не смее да не залажува. После триумфот над АП Брера, во нашите редови се врати оптимизмот и мотивацијата, ги подигнавме тренинзите на повисоко ниво, атмосферата е променета, па со таков победнички менталитет ќе му се спротивставиме на Шкупи. Имаме распоред што ни дава шанси, мораме да одиме чекор по чекор, но сѐ посигурно и посигурно“, вели голманот Андреј Јовчевски, кој е едно од имињата што се истакнуваат во редовите на битолчани.
„Очекувам да играме уште подобро, искрено се надевам дека теренот во Струга ќе ни дозволи такво нешто. Во секој случај мораме да се приспособиме на условите и да направиме се за да ги освоиме трите бода,- укажува искусниот стратег Милан Стојаноски, кој е на кормилото на Пелистер од 10. коло.
Со победата во првиот дел од сезоната од 2-0, Пелистер врза два триумфа по ред против скопскиот клуб, кој претходно повеќе години доминираше во меѓусебните дуели.
Со овој меч што се игра во Струга со почеток од 13 часот, ќе биде комплетирано 14. коло од ПМФЛ, а веќе од петок започнуваат натпреварите од 15. коло во кое Пелистер ќе го пречека тимот на Македонија ЃП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













