Чаби Алонсо доби целосна поддршка од раководството на Реал Мадрид по објавувањето на приказната за незадоволството меѓу играчите.
Промени на клупата на „кралевите“ нема да има, иако неколку незадоволни фудбалери му свртија грб на Алонсо. Раководството на клубот јасно го поддржа тренерот.
Шпанските медиуми претходно објавија дека клубот размислува за промена на Чаби Алонсо поради незадоволството на дел од играчите од неговиот начин на водство на екипата. Сепак, сите незадоволни добија јасен сигнал дека клубот стои цврсто зад тренерот.
„Чаби е шефот, над сите играчи, без разлика колку се важни тие за тимот. Тој е лидер на проектот и никој не се сомнева во него“, пренесува „Марка“ јасна порака од раководството на Реал Мадрид.
Клубот го поддржува секое негово решение, вклучително и тоа одредени натпревари Винисиус Жуниор да започнува од клупата, како и различните тактички идеи на тренерот.
„Тие веруваат дека тој е идеален тренер за Реал и имаат целосно доверба во него.“
Причината за конфликтот беше Винисиус Жуниор. Незадоволниот Бразилец се обидуваше да го понижи тренерот и отворено го покажуваше незадоволството од честите замени. Заедно со него, неколку други играчи, меѓу кои Феде Валверде, Родриго, Брахим Дијаз, Ендрик и Менди, исто така се спротивставија на Чаби Алонсо.
Сепак, обидот за смена не успеа и играчите мораа да прифатат дека клубот стои зад својот тренер.
Под водство на 44-годишниот тренер, Реал Мадрид моментно е лидер во Ла Лига со еден бод повеќе од Барселона, а добро им оди и во Лигата на шампионите со три победи и еден пораз.
„Кралевите“ се фаворити за трофеите оваа сезона, особено откако минатата година останаа без нив. Сепак, пред сѐ, Алонсо ќе мора да ја смири незадоволната група. Јасно е дека поддршката од челниците му дава голема сигурност и слобода да управува со својот тим.
Досега, Алонсо го водеше тимот во 23 натпревари со резултат од 17 победи, три реми и три порази. Претходно, како тренер, имаше големи успеси со Баер Леверкузен и беше поврзуван со Баерн Минхен и Ливерпул пред да го избере Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













