
Фудбалерите на Брегалница продолжуваат со убедливи игри и победи во Втората лига – Исток. Тимот на Марјан Секуловски славеше со 1-5 на гостувањето кај Росоман, а искусниот напаѓач Ристе Наумов беше стрелец на хет -трик.
Триумфот беше најавен уште во првите 15 минути од средбата по фуриозниот почеток на избраниците на Марјан Секуловски. Најпрво Кристијан Ацковски во 9. минута донесе водство од 0-1, а потоа капитенот Ристе Наумов со два гола во 12. минута и во 14. минута зголеми на 0-3.
Домашните намалија со голот на Бојан Малинов во 65. минута, но седум минути подоцна Ристе Наумов заокружи хет-трик и зголеми на 1-4. Михаил Маневски со погодокот во 89. минута од средбата стави точка на триумфот.
Тиквеш исто така славеше на гости, со 1-2 кај Каменица Саса. Едиз Спахиу донесе водство во 16.минута, шест минути подоцна од пенал израмни Даниел Гоцевски, а победничкиот гол за Тиквеш беше дело на Бобан Здравевски во 63.минута.
Кит Го со 3-0 го совлада Кожуф. Мичковски во четвртата минута погоди за 1-0, а во 73. минута истиот фудбалер зголеми на 2-0. Конечниот епилог го постави Трпчевски во 84. минута.
Осогово оствари триумф на гости (0-1) кај Плачковица. Стрелец на голот беше Поповски во 72. минута, додека со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Победа и Слога. Победа и Слога Виница ремизираа 1-1. Игор Момировски во петтата минута донесе предност за гостите, а израмни Дарко Грозданоски во 85.минута.
По 18. одиграни кола Брегалница е лидер на табелата со 48 бода, Тиквеш е втор со 41, а на третото место е Кит Го со 28 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
