Connect with us

Вознемирувачко видео: Прикажани злоделата на мафијашкиот клан на Веља Невоља

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес-конференција објави вознемирувачки детали од убиствата што ги правела криминалната група на Веља Невоља. Еден од најорганизираните мафијашки кланови е разоткриен од српските полициски власти, по што Вучиќ изјави дека Србија успеала во последниот период да се пресмета со неколку криминални групи, кои извршиле голем број убиства”.

„Ние кај членовите на оваа најпозната криминална група (Вељко Беливук) што е зад решетки , првпат успеавме да направиме нешто во техничка смисла. Увезувавме уреди што порано не ги користевме. Членовите на криминалната група имаа фотографии и обележани лица на луѓе во МВР и БИА, кои, како што сметаа, им беа прогонувачи. Тоа се оперативци кои се бореа директно против нив и успеале во тоа. Тие ги ризикуваа своите животи, но успеаја, истакна Вучиќ.

Српскиот министер за полиција Александар Вулин на прес-конференцијата изјави дека полицијата го предала материјалот на Обвинителството за организиран криминал за прислушувањето на претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство.

„Нелегално се снимени 1.572 телефонски контакти и како такви биле нотирани без никаква правна основа, без никаква полициска основа, без никаква полициска причина. Транскриптите од разговорите беа симнувани и носени на некои високи функционери на МВР, изјави Вулин.

Тој додаде дека на тој начин грубо биле повредени човековите права на оние кои било обработувани без причина, но и на претседателот Вучиќ, неговиот син Данило, неговиот брат Андреј и неговиот татко Анѓелко.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови