Трент Александер-Арнолд, поранешниот дефанзивец на Ливерпул, се врати во Ливерпул како дел од делегацијата на Реал Мадрид за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите.
Фудбалерот заедно со тимот положи венец пред споменикот на Диого Жота на „Енфилд“, оддавајќи почит на својот поранешен соиграч.
Александер-Арнолд беше придружуван од тренерот на Реал, поранешната ѕвезда на Ливерпул, Чаби Алонсо, соиграчот Дин Хаусен и легендата Емилио Бутрагењо.

Диого Жота и неговиот брат Андре трагично загинаа во сообраќајна несреќа во јули, што остави длабока трага во светот на фудбалот.
По смртта на Жота, Ливерпул постави споменик во негова чест пред стадионот, а Александер-Арнолд синоќа положи цветен венец и напиша емотивна порака: „Мој пријателе, Диого, многу ни недостигаш, сѐ уште си толку сакан. Споменот за тебе и за Андре секогаш ќе живее. Секогаш се насмевнувам кога ќе помислам на тебе и секогаш ќе ги паметам прекрасните моменти што ги споделивме. Ми недостигаш, пријателе, секој ден. За секогаш 20 YNWA. Со љубов, Трент и семејството.“
🎥 Trent, Dean Huijsen, Xabi Alonso, Emilio Butragueño pay tribute to Diogo Jota at Anfield. @javiherraez 🙏❤️ pic.twitter.com/PlSXYSFzRw
— Madrid Zone (@theMadridZone) November 3, 2025
Покрај тоа, на местото беше поставена и конзола за игри, како потсетник на љубовта на Жота кон видеоигрите.
Бројот „20“ кој Жота го носеше, беше повлечен од употреба по неговата ненадејна смрт. Португалецот се приклучи на Ливерпул од Вулверхемптон во септември 2020 година и остави неизбришлив печат во клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













