Македонија ЃП го пречекува тимот на Струга ТЛ во 12.коло од Првата фудбалска лига. Овие два противника веќе имаат меѓусебно искуство сезонава, и тоа непријатно за денешниот домаќин.
Струга во осминафиналето од националниот Куп во Ѓорче Петров победи со убедливи 0-5. Сепак, фудбалерот за врска на Македонија ЃП, Ѓорѓи Стоилов, смета дека таков лош ден нема да им се повтори на „лавовите“.
„Можам слободно да кажам дека тоа за нас беше само еден лош ден. Тоа не беше ниту е во моментов вистинската слика за тимот на Македонија ЃП, и во тоа ќе се уверите токму денеска. Научивме многу од тој дуел, пред се како да се однесуваме на терен, како да реагираме на негатива, и ред други нешта. Таа лекција е научена. Македонија ЃП има квалитетен тим, што не е ранлив лесно и тоа ќе го докажеме на терен. Одиме да ги освоиме трите бода денеска, како што впрочем правиме секогаш кога играме пред нашите навивачи“, вели Ѓорѓи Стоилов.
Мечот меѓу Македонија ЃП и Струга Трим Лум се игра на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток во 13.30 часот.
Фото: ФФМ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













