Connect with us

Волфсбург го врати Макс Крузе

Германскиот бундеслигаш Волфсбург и официјално го врати напаѓачот Макс Крузе. 33-годишниот поранешен германски репрезентативец потпиша договор на една и пол година.


Крузе доаѓа од Унион Берлин за 5 милиони евра. Тој ќе треба да го замени Ваут Вегеорст, кој денеска ќе го финализира трансферот во Барнли.


Напаѓачот веќе настапуваше за Волфсбург во сезоната 2015/2016, по што беше продаден на Вердер Бремен.
Во својата кариера има настапувано и за Сент Паули, Фрајбург, Борусија Менхенгладбах и за Фенербахче.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови