Connect with us

Во истрагата за корупција: Судот ги блокираше сметките на Жерар Пике

Шпанскиот суд нареди замрзнување на банкарската сметка на компанијата со која раководи поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике, додека истрагата за бизнис зделката за преселчата на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија продолжува.

Судот ги потврди извештаите на шпанските медиуми дека истражниот судија Делија Родриго постапил по барањето на државниот обвинител за замрзнување на банкарската сметка на компанијата Космос, која ја основал и управувал Жерар Пике.

Шпанската полиција го уапси поранешниот претседател на Шпанската фудбалска асоцијација Луис Рубијалес претходно овој месец како дел од истрагата за корупција и активности за перење пари за време на неговиот мандат. Уште седум лица беа уапсени во март кога полицијата ги претресе канцелариите на Федерацијата во Мадрид и куќата на Рубијалес во Гранада.

Рубијалес го „пресели“ домаќинството на натпреварувањето во Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија во 2020 година, со договор наводно вреден 40 милиони евре. Пике, кој во тоа време играше за Барселона и играше во Суперкупот на Шпанија, помогна да се заврши договорот преку неговата компанија „Космос“.

Државните обвинители започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беа обелоденети аудио снимки од разговори меѓу Рубијалес и Пике во врска со мито од милиони долари.

Во меѓувреме Пике се повлече од фудбалот, а доживеа бродолом и на приватен план бидејќи се разведе од колумбиската поп-ѕвезда, Шакира.

„Космос“ се вклучи и во „реновирањето“ на тенискиот Дејвис куп, а лансираше и алтернативно фудбалско натпреварување – Кралската лига во Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови