
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на седница на Управен одбор го назначи Влатко Колев за селектор на младата репрезентација на Македонија до 17 години. Со прифаќањето на функцијата, Колев ја завршува својата работа како тренер во ФК Вардар, а вниманието ќе го насочи кон изградба на конкурентен национален тим пред претстојните квалификации во октомври.
Влатко Колев е тренер со Про лиценца. Речиси две децении работи во младинскиот клупски фудбал, во домашните Вардар, Работнички и Металург, а два пати е прогласуван за тренер на годината во млади категории. Последниот ангажман го имаше во стручниот штаб на Вардар, како еден од помошниците на Гоце Седлоски.
„Сакам да се заблагодарам на ФФМ и претседателот Омерагиќ за укажаната доверба. За мене е чест и предизвик што добивам прилика да бидам предводник на репрезентацијата до 17 години. Повеќе од две децении сум вклучен во работата со младинските категории во нашиот клупски фудбал и гледам позитивно на новиот предизвик“.
Поранешен фудбалер од шампионските генерации на Вардар и Силекс, вели дека генерацијата 2009 е надежна, очекува мотивираност и посветеност од фудбалерите на натпреварите кои ни следуваат.
„Се работи за надежна генерација фудбалери кои внимателно ги следам и добро ги познавам. Веќе во октомври не очекува квалификациски турнир за Елитна фаза и наш приоритет ќе биде да изградиме конкурентен тим кој ќе биде подготвен за претстојниот турнир, на кој ќе влеземе максимално мотивирани и посветени. Со прифаќањето на селекторската функција, завршува мојата активност како тренер во ФК Вардар. На клубот му посакувам многу успех во иднина. Моето целосно внимание и енергија ќе бидат насочени кон репрезентацијата“.
Македонија до 17 години на 16. и 18. септември во Струмица ќе одигра два контролни натпревари против Кипар. Веќе во октомври следува квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за ЕП. Противници на турнирот на кои сме домаќини ќе ни бидат Унгарија (08. октомври), Чешка (11. октомври) и Гибралтар (14. октомври).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
