
Работнички загуби од Шкендија со 3-5 во еден неверојатно ефикасен натпревар на Националната арена „Тодор Проески“. Дел од нив беа постигнати поради индивидуални грешки, но дел и со одлични потези на фудбалерите.
Шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо, вели дека фудбалерите треба да извлечат поуки од поразот, да научат од грешките што се појави на дуелот со новиот шампион.
„Не сум задоволен од изданието во првото полувреме, во вториот дел бевме многу подобри. Но, направивме неколку индивидуални грешки и дозволивме премногу голови. Тоа е недозволиво и ќе мораме да го исправиме. Од друга страна, добивме двајца млади играчи кои се развија во носители на играта на Работнички, Марио Станковски и Андреј Кировски. Мислам дека сите останати треба да го следат нивниот пример за односот кон играта и тактичката дисциплина. Не останува многу време и за анализа, веќе в сабота не очекува нов првенствен натпревар, градското дерби против Вардар. Без разлика на позициите на табелата, овие натпревари секогаш се предизвик, бодовите им се потребни на двата тима, на ривалот за опстанок, а и ние сакаме најмалку уште три бода до крајот за да го осигураме местото и да избегнеме бараж“, вели Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
В сабота, Работнички ќе биде гостин на Вардар на арената „Тодор Проески“ во 31.коло од Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета
