
Работнички ремизираше (1-1) против Ренова на последниот натпревар од шампионатот во Првата лига и ја заокружи сезоната на петтата позиција на табелата. Тренерот Александар Влахо вели дека на мечот што се одигра во Гостивар имал можност на дело да види и дел од помладите фудбалери кои добија шанса за настап.
„Мечот со Ренова беше убава можност да ги видам на дело и помладите. Добија шанса неколку фудбалери кои немаа минутажа низ текот на сезоната. Андреј Лазаров се врати по повредата и одигра 40 минути, настапи Матеј Ангелов, а дебитираше и Бујар Хајдари . Тоа се млади момци кои се светла иднина на Работнички. Покажаа дека на нив може сериозно да сметаме во иднина. Што се однесува до натпреварот, не сум задоволен од изданието во првото полувреме, примивме повторно наивен гол по прекин на игра, а можевме да бидеме многу поефикасни пред противничкиот гол. Во второто полувреме одигравме многу поквалитетно и тоа треба да биде моделот по кој Работнички ќе ја развива играта“, изјави шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Александар Влахо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Јури Тилеманс е новиот капитен на Белгијците

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации
