 
																												
														
														
													Владата на Република Македонија објави соопштение од најновата седница, на која е потенцирано дека сепак публиката на спортските натпревари и понатаму ќе биде забранета. Присуството на гледачи нема да биде дозволено иако претходно имаше такви толкувања.
Во објавата на Владата стои дека на сите јавни активности може да има 30% од посетителите, додека спортските настани и понатаму ќе бидат организирани без публика.
„Како дел од овие мерки е и одлуката дека сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) може да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 % исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50% исполнетост на отворените простори. Спортските настани и понатаму се организираат без физичко на присуство на публика“, стои во објавата на Владата.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
 
																					Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														