По скандалот за време на неодамнешното Ел Класико, се засилија гласините дека Винисиус Жуниор би можел да го напушти Реал Мадрид, а според информациите, тој наводно веќе знае каде сака да ја продолжи својата кариера.
Бразилецот веќе подолго време има напнати односи со клубот, поради тоа што одби да ги прифати предложените услови за продолжување на договорот, а конфликтот со Чаби Алонсо дополнително ја влоши ситуацијата.
Винисиус се изнавика на Алонсо откако тренерот го извади од игра за време на дербито против Барселона. Разочаран, Бразилецот отиде во соблекувалната, а потоа се врати на клупата. Проблемите на Реал со него се сè поголеми, а сега изгледа дека трансферот е повеќе од можен.
Иако од Саудиска Арабија му пристигнуваат огромни понуди, Винисиус нема намера да ја напушти Европа. Неговиот сон е да ја освои „Златната топка“, а знае дека тоа е речиси невозможно ако замине надвор од европскиот континент.
Според пишувањата на странските медиуми, тој е подготвен да го напушти Мадрид и да се пресели во еден од европските гиганти, а како негова прва желба се споменува ПСЖ.
Винисиус го преферира клубот од Париз, бидејќи високо го цени Луис Енрике. Според него, фудбалската филозофија на шпанскиот тренер би ги истакнала неговите најдобри квалитети.
На „Паркот на принцовите“, Бразилецот повторно би можел да стане главна ѕвезда, бидејќи во Реал Мадрид сè повеќе паѓа во сенка на Килијан Мбапе. Освен тоа, ПСЖ е еден од ретките клубови кои можат целосно да ги исполнат неговите финансиски барања.
Двојниот освојувач на Лигата на шампионите би можел веќе летово да се пресели во Париз, свесен дека во Мадрид повеќе не е толку ценет, а и дека Ла Лига му паднала во очи поради бројните расистички навреди на кои е постојано изложен.
Оваа сезона Винисиус има постигнато пет голови и четири асистенции на десет натпревари во Ла Лига, додека на трите воведни натпревари од Лигата на шампионите остана без ефект.
Иако поранешниот играч на Фламенго сè уште се смета за еден од клучните фудбалери на Реал, целосно е засенет од Мбапе, што очигледно го фрустрира и е една од причините зошто упорно одбива да потпише нов договор. Неговиот актуелен важи до 2027 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













